Уште два дена до концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ: Публиката се повикува да биде облечена во бело

Неполни два дена остануваат до големиот концерт на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Подготовките за музичкиот спектакл се во завршна фаза, а Јован и Елвир ги одржуваат последните проби заедно со бендот, танчарите и специјалните гости.

На сцената, покрај домаќините, ќе настапат и Слаѓа Делибашиќ, Ѓус, Тони Зен, Адријан Гаџа, Маја Саздановска, Пајак и Врчак, кои ќе ги изведат своите најпознати хитови и ќе ја разбудат носталгијата кај публиката.

Концертот е замислен како „сензација во бело“, па организаторите ги повикуваат посетителите да облечат барем бела маичка или кошула и да бидат дел од уникатната атмосфера која, според најавите, ќе понуди нешто досега невидено на концертната сцена во земјава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.