Не сте бојадисале јајца утринава? Може и в сабота – како безбедно да ги подготвите за Велигден
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 09 Април 2026
Велигденските јајца традиционално се бојадисуваат рано наутро на Велики четврток, пред изгрејсонце, но оние што не успеале да ја испочитуваат традицијата, тоа можат да го направат и в сабота во текот на целиот ден.
При бојадисувањето, граѓаните сè почесто се двоумат дали да користат природни или вештачки бои. Експертите препорачуваат, доколку јајцата се консумираат, да се внимава на изборот на боите и нивната безбедност.
Природните начини на боење сè повеќе се враќаат во употреба. Лушпи од кромид даваат црвено-кафена нијанса, цвекло создава розова до црвена боја, куркумата жолта, а спанаќот зелена. Овие методи се безбедни, еколошки и не влијаат на квалитетот на јајцето.
Од друга страна, вештачките бои кои се продаваат во маркетите се дозволени за употреба, но важно е да се користат исклучиво оние кои се декларирани како прехранбени. Користење на непроверени или индустриски бои може да биде ризично, особено ако бојата продре низ лушпата.
Дополнително, се препорачува јајцата да не се држат предолго во боја и да се чуваат во фрижидер по бојадисувањето, со цел да се зачува нивната свежина и безбедност за консумирање.
Без разлика дали ќе се одлучите за традиционален или модерен начин, најважно е јајцата да бидат безбедни за јадење и да ја задржат симболиката на празникот – нов живот и радост.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















