ФЗО во август исплатил над 623 милиони денари за боледувања, најавува појасни критериуми и засилена контрола

Над 623 милиони денари исплатил Фондот за здравствено осигурување во август за боледувања, од кои 414 милиони денари се однесуваат на породилни надоместоци. Од Фондот најавуваат и нови правила – појасни медицински критериуми и засилена контрола на боледувањата, но со поедноставени постапки за оправданите случаи.

Генералниот директор на ФЗО, Златко Перински, на денешниот медиумски брифинг ги презентираше резултатите и решенијата што се подготвуваат, со цел исплатите да имаат редовен и предвидлив месечен циклус.

Во фокусот се и семејствата кои се соочуваат со проблеми при остварувањето на родителството. Фондот разгледал 237 барања за четврти, петти и шести БПО обид, а се анализира и нов модел на финансирање со цел подобри услови за успешност уште при првите обиди.

Меѓу најавените промени е и предлог рецептите издадени од дежурните служби да важат 24 часа, наместо само до полноќ истиот ден, како и дополнително поедноставување и дигитализација на постапките.

Од ФЗО велат дека целта е правилата да бидат во функција на осигурениците, а административните постапки да се приспособат на реалните потреби на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.