СДСМ: 18 месеци по трагедијата во „Пулс“, правдата за Кочани ја нема

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 млади луѓе, а 193 беа повредени, од СДСМ повторно ја обвинија власта дека нема вистинска одговорност за трагедијата.

Од опозициската партија велат дека „правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста“ и го обвинуваат премиерот Христијан Мицкоски дека полицијата, обвинителството и судството се под контрола на власта.

„Газда Деко и речиси сите обвинети за ‘Пулс’ се на слобода“, велат од СДСМ, оценувајќи дека жртвите и нивните семејства остануваат без одговори и без правда.

СДСМ го потсетува Мицкоски и на неговата претходна изјава дека ќе се повлече од политиката доколку се докаже поврзаност на обезбедувањето во „Пулс“ со ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата тврдат дека тој, како и за други свои ветувања, не го исполнил тоа што го најавил.

Во реакцијата се упатуваат и низа други обвинувања до власта, поврзани со случаи од областа на криминалот, тендерите и постапувањето кон функционери и лица блиски до власта.

„Така изгледа ‘правдата’ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите“, наведуваат од СДСМ, од каде што бараат целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата во Кочани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.