Сончево и посвежо, температурите до 30 степени

Денеска времето ќе биде сончево и посвежо, со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен, со брзина над 50 километри на час.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 18 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.