Во Загреб одбележани 35 години независност на Македонија

Свеченоста се одржа во Хрватскиот државен архив, во организација на Амбасадата на Македонија во Хрватска и Македонскиот културно-информативен центар во Загреб.

 

Присутните имаа можност да проследат концерт на хорот „ПРО АРС“, со кој диригираше Сашо Татарчевски, а во рамките на програмата беше отворена и изложбата „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“, подготвена од Државниот архив на Македонија.

 

Домаќин на настанот беше директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска.

 

На свеченоста присуствуваше и македонскиот амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски, заедно со претставници на хрватски и македонски институции, дипломатскиот кор и македонската заедница во Хрватска.

 

Одбележувањето на јубилејот продолжува и во текот на месецот, со повеќе културни содржини и настани што ќе се реализираат во Загреб и во други делови на Хрватска.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.