„Уметноста ја крши тишината“ – мултимедијална прослава на 35 години независност

Мултимедијалниот настан, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија, започнува во 21 часот и ќе понуди разновидна програма во која се испреплетуваат различни форми на уметничко изразување.

 

Вечерта ќе ја отвори Игор Џамбазов, а во официјалниот дел ќе настапат Весна Микиќ на харфа, Александра Илиева на саксофон, Јана Стојановска, Мишел Трајковски – „Скопје Виа“, Лаура Карлиу и „Нокаут“, предводен од Никола Перевски.

 

Програмата става посебен фокус на културната разновидност и поврзувањето на различните заедници.

 

Лаура Карлиу ќе изведува песни на македонски и албански јазик, додека низ музичките настапи ќе биде нагласена идејата за културно поврзување и заедништво.

 

Во рамки на вечерта ќе биде отворена и уметничка изложба под кураторство на Антони Мазневски, на која ќе бидат претставени дела на Михаил Корубин, Калина Брајковска, Решад Ахмети, Игор Јосифов, Крсто Глигоријадес, Ангел Миов и Синиша Новески.

 

Публиката ќе има можност да проследи и рецитал на актерката Ана Стојановска.

 

По завршувањето на официјалната програма, настанот ќе продолжи со електронска и клупска музика. На сцената ќе настапат Нино Флудер со Александра Илиева на саксофон, како и Ампов и Димчуга од колективот „Буру“.

 

Финалето е резервирано за грчката диџејка и радиоводителка Мирофора од Солун, членка на „NON collective“, која зад себе има настапи на повеќе музички фестивали и културни настани во Грција и регионот.

 

Со спојот на традиционалните и современите уметнички форми, „Уметноста ја крши тишината“ има за цел да понуди поинаков начин на одбележување на јубилејот и да ја стави културата во центарот на празнувањето.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.