Последниот творечки опус на Родољуб Анастасов ќе биде претставен во Белгра

По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, во Белград ќе биде отворена изложба посветена на последниот творечки опус на еден од истакнатите македонски сликари, проф. Родољуб Анастасов (1935–2026).

 

Изложбата ќе се одржи на 8 септември во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Белград, со почеток во 20 часот.

 

Анастасов зад себе остави значаен творечки опус и важен придонес во развојот на македонската ликовна уметност.

 

Неговото творештво е препознаено и надвор од земјата, а Американскиот библиографски институт го вброил меѓу 500-те најгенијални умови на 21 век.

 

Со изложбата во Белград ќе биде одбележано неговото творештво и ќе биде претставен последниот дел од неговиот уметнички опус пред публиката.

 

Фото извор: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.