Драчево денеска под вонредна дезинсекција, во петок третман против возрасни комарци
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 12 Август 2026
Во Драчево денеска се спроведува вонредна дезинсекција со цел да се намали бројноста на комарците и да се спречи нивното понатамошно размножување.
Акцијата ја реализира Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода, а денешниот третман е насочен кон уништување на ларвите.
Специјализирани екипи вршат третирање на критичните места, меѓу кои канали, застојани води и влажни површини каде има услови за развој на комарци.
Дезинсекцијата ќе продолжи во петок, кога ќе се спроведе теренски третман за сузбивање на возрасните комарци на подрачјето на Драчево.
Од Општина Кисела Вода ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства пред петочниот третман против возрасни комарци.
Акцијата е дел од превентивните мерки за контрола на комарците и заштита на населението од нивното прекумерно размножување.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













