Бардовци со ново и енергетски ефикасно улично осветлување
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 11 Август 2026
Ново улично осветлување е поставено во Бардовци, како дел од инфраструктурните активности што ги реализира Општина Карпош за подобрување на условите во оваа населба.
На улиците „5“, „6“ и „7“ се поставени 38 нови светилки со моќност од 35 вати, додека на улицата „1687“ се инсталирани уште 11 светилки со истата моќност.
Од Општина Карпош посочуваат дека современото осветлување ќе придонесе за подобра видливост на јавните површини и поголема безбедност за жителите, а истовремено ќе овозможи и поефикасна потрошувачка на електрична енергија.
Општината најавува продолжување на инфраструктурните инвестиции насочени кон модернизација на комуналната мрежа и подобрување на условите за живот во населените места на Карпош.
Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















