Две градинки во Карпош добиваат соларни електроцентрали
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 11 Август 2026
Две детски градинки во Општина Карпош ќе добијат фотонапонски електроцентрали, откако Советот на општината на денешната 16. седница го одобри проектот „Карпош SustainableHousing Lab“.
Соларни системи ќе бидат поставени во објектот „Ѕвездички“ на ЈУОДГ „Орце Николов“ во Карпош 2, со капацитет до 13 киловати, како и во објектот „Виножито“ на ЈУОДГ „Распеана Младост“ во Бардовци, со капацитет до 9 киловати.
Проектот е насочен кон зголемување на енергетската ефикасност и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. За неговата реализација е обезбеден грант од 3,3 милиони денари, додека Општина Карпош ќе учествува со 350.000 денари.
Советот на седницата донел и други одлуки, меѓу кои издвојување 150.000 денари хуманитарна помош за Општина Гостивар, како и поддршка за формирање Локално собрание на млади.
Одлуките опфаќаат и прифаќање донации за санација на покривот на ООУ „Владо Тасевски“ и за опремување сензорна соба во ООУ „Лазо Трповски“.
Од Општина Карпош посочуваат дека со ваквите проекти продолжуваат со активности за унапредување на енергетската ефикасност и создавање позелена и посолидарна локална заедница.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















