Лукровски им оддаде признание на младите математички таленти од Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, организираше прием за тројцата општински стипендисти кои успешно ја претставуваа Македонија на 30. Јуниорска балканска математичка олимпијада (JBMO 2026), што се одржа во Бузау, Романија.

 

Дарјан Мирчевски, ученик од ООУ „Вера Циривири-Трена“, освои бронзен медал и го забележа најдобриот резултат меѓу членовите на македонската репрезентација.

 

Калина Тортевска од ООУ „Јан Амос Коменски“ беше наградена со пофалница, додека Андреа Јовановска од ООУ „Петар Поп Арсов“ даде значаен придонес во настапот на националниот тим.

 

На средбата беше истакнато дека успесите на младите математичари се доказ за нивната посветеност, знаење и талент, но и потврда за квалитетот на образовниот процес и поддршката што ја добиваат.

 

Од Општина Карпош порачаа дека и во иднина ќе продолжат да инвестираат во образованието и развојот на младите таленти, со цел да создадат уште повеќе можности за нивно напредување и меѓународни успеси.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.