Општина Илинден започна со реконструкција на пристапниот пат до гробиштата во Кадино

Општина Илинден започна со реализација на градежни активности за целосна санација и реконструкција на пристапниот пат што води до гробиштата во населеното место Кадино.

 

Проектот опфаќа уредување на делница во должина од околу 100 метри, со што директно ќе се подобри пристапноста, сообраќајната функционалност и секојдневното движење на жителите во овој дел од локалната заедница.

 

Како што истакнува градоначалникот Александар Георгиевски, овие зафати се преземаат како директен одговор на секојдневните барања и потреби на граѓаните.

 

Санацијата и унапредувањето на патната инфраструктура продолжуваат со исто темпо во сите населени места ширум општината, при што се работи строго плански и во согласност со утврдените приоритети за обезбедување поквалитетни услови за живеење за секој жител.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.