Водовод Скопје: Испитани 46 примероци, водата е безбедна за пиење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 10 Септември 2026
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на 9 септември извршило мониторинг на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.
Од водоводната мрежа во Скопје биле земени 46 примероци, од кои пет од бунарскиот потег Нерези–Лепенец. Примероците се испитуваат преку физичко-хемиски и микробиолошки анализи во акредитирани лаборатории.
Од „Водовод и канализација“ информираат дека сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје одговараат на Правилникот за барањата за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Мониторингот се спроведува согласно важечките стандарди и пропишаните методи за земање и анализа на примероци.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















