КНИГА НАМЕСТО ТЕЛЕФОН: Ѓорче Петров доби мини библиотека под отворено небо

Нова мини библиотека е поставена во паркот во Ѓорче Петров, во близина на фонтаната, каде граѓаните бесплатно ќе можат да позајмат книга, да ја прочитаат и да ја вратат за следниот читател.

Иницијативата има едноставна порака – земи книга, прочитај, врати.

Мини библиотеката е донација од издавачката куќа „Сакам Книги“, во рамки на иницијативата „Со љубов, од Европа“, а Ѓорче Петров е една од петте локации во Скопје каде што е поставена ваква библиотека.

Од Општина Ѓорче Петров апелираат граѓаните заеднички да ја чуваат библиотеката и редовно да ги враќаат книгите, со што фондот ќе може да се збогатува со нови наслови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.