Ѓорче Петров ќе одбележи 25 години од загинувањето на осумтемина бранители
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 09 Август 2026
Општина Ѓорче Петров на 10 август 2026 година ќе одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот армиски состав.
Комеморативните активности ќе започнат во 08:00 часот со оддавање почит пред спомен-чешмата на Томислав Настески – Бумбар.
Во 08:30 часот ќе се одржи централната комеморативна церемонија пред Споменикот на загинатите бранители во Волково.
Од Општина Ѓорче Петров ги повикуваат граѓаните да присуствуваат и заеднички да им оддадат почит на бранителите кои ги положиле своите животи во 2001 година.
„Нивната жртва нè обврзува да се сеќаваме, а нивната храброст засекогаш останува вградена во нашата колективна меморија“, порача градоначалникот Александар Стојкоски.
Манифестацијата ќе биде посветена на сеќавањето на осумтемина бранители и нивната жртва во одбрана на државата.
Вечна им слава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















