Стојкоски: Изградбата на новата градинка во Дексион се одвива со засилено темпо
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 29 Јули 2026
Изградбата на новата детска градинка во населбата Дексион во Општина Ѓорче Петров продолжува со засилена динамика и во текот на летниот период, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.
Според него, станува збор за капитална инвестиција која ќе обезбеди подобри услови за згрижување на најмладите и ќе одговори на потребите на голем број семејства во општината.
Новиот објект ќе се простира на 940 квадратни метри, ќе биде изграден на две нивоа и ќе има капацитет за повеќе од 120 деца.
Стојкоски информира дека градинката ќе биде изградена според современи стандарди, со примена на енергетски ефикасни материјали и со целосно уреден двор наменет за безбедна игра, учење и престој на децата.
Тој оцени дека секоја реализирана инвестиција во образовната инфраструктура претставува вложување во иднината на општината и порача дека локалната самоуправа ќе продолжи со реализација на капитални проекти кои, како што истакна, ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













