Нови училишни униформи бесплатно за сите ученици во Гази Баба

Нови училишни униформи добија учениците од основните училишта во Општина Гази Баба, како дел од практиката што општината ја спроведува трета година по ред.

 

Градоначалникот Бобан Стефковски денеска ја посети ООУ „Стив Наумов“, каде што на учениците им беа поделени униформите.

 

Тие се обезбедени без финансиски надомест за сите ученици на територијата на општината.

 

Мерката беше воведена во 2023 година со цел да се поттикнат еднаквоста и чувството на припадност кај учениците, без разлика на нивната семејна или материјална состојба.

 

Од општината посочуваат дека вложувањето во образованието останува меѓу приоритетите, со најави за продолжување на инвестициите во училиштата, подобрување на условите за настава и реализација на нови проекти наменети за учениците.

 

Со продолжувањето на оваа иницијатива, она што започна како нова мерка пред три години прерасна во практика која има цел да обезбеди еднакви услови и можности за сите деца.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/opstinagazibaba

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.