Општина Гази Баба: Забрана за мобилни телефони во училниците

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, упати апел до родителите и учениците во пресрет на новата учебна година за строго почитување на правилото со кое се забранува користење мобилни телефони и електронски уреди за време на наставниот процес.

 

Стефковски истакна дека оваа мерка има за цел да ја зголеми концентрацијата и да овозможи непречено одвивање на часовите, потенцирајќи дека отсуството на телефоните им овозможува на учениците поактивно да учат, да соработуваат и да развиваат меѓусебна комуникација.

 

Со заедничка поддршка од родителите и одговорност од учениците, се стреми кон создавање училишна средина целосно посветена на знаењето и напредокот.

 

Фото извор:  https://www.facebook.com/StefkovskiB?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.