Општина Гази Баба: Поставени прочистувачи на воздухот во сите детски градинки за здрава и безбедна средина на најмладите
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 10 Август 2026
Општина Гази Баба информира дека се обезбедени и поставени современи прочистувачи на воздухот во сите детски градинки кои се наоѓаат на нејзината територија.
Од локалната самоуправа нагласуваат дека здравјето, безбедноста и правилниот развој на најмладите претставуваат апсолутен приоритет, имајќи предвид дека децата поминуваат голем дел од денот во овие устаниви.
Со оваа инвестиција се создаваат значително подобри услови за престој, учење и игра, со што директно се унапредува квалитетот на грижата во предучилишните установи.
Општината продолжува со континуирани и конкретни мерки насочени кон подобрување на секојдневието на децата, комбинирајќи ја изградбата на нови капацитети со зголемување на стандардите за чиста и здрава животна средина.
Фото извор: https://www.facebook.com/opstinagazibaba
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















