Општина Центар: Утре јавна презентација на Нацрт-ДУП за Градска четврт Ј 05 – Барутана
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 02 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани за учество на јавната презентација на Нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ј 05 – Барутана.
Презентацијата ќе се одржи утре, 3 септември, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар (барака 6).
Настанот има за цел да им овозможи на граѓаните директно да се информираат за предложените решенија, да поставуваат прашања и да ги изнесат своите забелешки и сугестии.
Јавната анкета за планот е веќе во тек и ќе трае до 14 септември, при што Нацрт-планот е изложен во Основното училиште „Кочо Рацин“, каде граѓаните можат да го разгледаат секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот и да пополнат анкетен лист.
Градоначалникот Герасимовски нагласи дека вклученоста на локалното население е од клучно значење за транспарентно и квалитетно урбанистичко планирање на идниот развој на Барутана.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













