Општина Центар дели вода на граѓаните поради високите температури
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 04 Август 2026
Поради топлотниот бран што ја зафати земјата, Општина Центар во соработка со Општинската организација на Црвениот крст – Центар организира теренска акција за дистрибуција на вода за пиење.
Акцијата се реализира денес и во четврток, во периодот од 11 до 14 часот, на автобуски постојки и други локации со зголемена фреквенција на граѓани низ општината.
Од локалната самоуправа апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено, да ги следат препораките на здравствените власти и редовно да внесуваат течности за да избегнат последици од високите температури.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека општината продолжува да ги следи состојбите и да презема мерки за поддршка на граѓаните за време на топлотниот бран.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













