Герасимовски: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ добива енергетски ефикасна фасада и ново LED осветлување

Општина Центар продолжува со инвестициите во подобрување на условите во основните училишта, преку реализација на проекти насочени кон создавање поквалитетна и поефикасна образовна средина.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека ООУ „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада и целосно обновено LED осветлување.

 

Со овие активности, како што посочува, ќе се намали потрошувачката на електрична енергија, а учениците и наставниот кадар ќе добијат подобри услови за престој и работа.

 

Од Општина Центар нагласуваат дека вложувањата во училишната инфраструктура се дел од заложбите за модернизација на образовните објекти и обезбедување услови кои придонесуваат за подобар процес на учење и развој на најмладите.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.