Водоводот за Љубанци и Љуботен влегува во завршна фаза

Третиот крак од водоводниот систем, кој води кон Љубанци, е во завршна фаза, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

Со неговото завршување, се отвора патот кон следната фаза од проектот, која предвидува изградба на секундарната водоводна мрежа.

 

Костовски посочува дека Општина Бутел, заедно со ЈП „Водовод и канализација“ и Град Скопје, ќе започне со проектирање на секундарната мрежа, со цел водоснабдувањето да биде обезбедено до секој дом во Љубанци и Љуботен.

 

Целокупната реализација на проектот ќе биде финансирана од Владата и Министерството за транспорт и врски. Според Костовски, станува збор за инвестиција која жителите на овие населени места ја очекуваат со децении.

 

„По 30 години лажни ветувања, овој проект е реалност и е во завршна фаза“, порача Костовски, нагласувајќи дека обезбедувањето водоснабдување за жителите претставува решавање на долгогодишен инфраструктурен проблем.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.