Министерство за финансии: Стабилна реализација на буџетот со раст на приходите и зголемени капитални инвестиции во првите седум месеци од 2026 година
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 05 Август 2026
Министерството за финансии ги објави податоците за реализацијата на Буџетот заклучно со 31 јули 2026 година, кои покажуваат дека приходите се прибираат согласно планот и бележат континуиран раст.
Вкупните приходи во периодот јануари – јули се реализирани во износ од 204,553 милијарди денари (53,9% од планираното за годината), што претставува годишен раст од 9,3%.
Приходите од даноци изнесуваат 117,963 милијарди денари со забележан раст од 10%, при што најголема реализација е евидентирана кај данокот на добивка со раст од 20,6% и кај ДДВ со раст од 13,4%.
Дополнително, кон компаниите е извршен поврат на ДДВ во износ од 23,333 милијарди денари, што е за 3,5% повеќе во споредба со лани.
На расходната страна продолжува силната поддршка на економскиот раст преку капиталните расходи, кои достигнаа 21,288 милијарди денари – значаен раст од 39,6% во однос на истиот период лани, додека 717 милиони денари се трансферирани кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Во рамките на буџетското извршување редовно се сервисирани и обврските, вклучувајќи исплата на 49,351 милијарда денари за стари долгови на странскиот пазар и 11,665 милијарди денари кон домашни кредитори.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















