ДЗС: Бројот на работниците во индустријата намален за 2,3 проценти во јуни
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 04 Август 2026
Бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година е намален за 2,3 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Најголемо намалување е забележано во секторот Рударство и вадење камен, каде бројот на работниците е помал за 7,7 проценти. Во Преработувачката индустрија е регистриран пад од 2,1 процент, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е евидентиран благ раст од 0,2 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците е намален во:
Енергија – за 2,4 проценти;
Капитални производи – за 1,8 проценти;
Интермедијарни производи (освен енергија) – за 2,4 проценти;
Нетрајни производи за широка потрошувачка – за 3,5 проценти;
Трајни производи за широка потрошувачка – за 1,7 проценти.
ДЗС наведува дека на годишно ниво, односно во периодот јануари – јуни 2026 година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,9 проценти во однос на истиот период во 2025 година.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















