Значаен годишен раст на штедењето и кредитирањето: Депозитите повисоки за 9,9%, а кредитите за 13,1%
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 21 Јули 2026
Македонскиот банковен систем бележи стабилен и висок годишен раст во сите клучни финансиски категории, покажуваат најновите податоци за движењата кај депозитите и кредитите.
Вкупните депозити на годишно ниво бележат солиден раст од 9,9%, при што позитивен тренд е забележан кај двата клучни сектори, со особено голем придонес и учество на секторот „домаќинства“, што укажува на задржување на довербата во домашниот банкарски систем и продолжување на трендот на штедење.
Истовремено, уште поизразен раст е регистриран кај кредитирањето, каде вкупните кредити на годишна основа бележат зголемување од 13,1%.
Овој пораст е резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при што овој пат поизразен придонес имаат кредитите одобрени на корпоративниот сектор, што поттикнува поголема економска активност и инвестиции во стопанството.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















