Лисиче добива целосно обновена улица: започна реконструкција на крак 28 на „Тодор Чангов“

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на терен, каде што се работи на целосно обновување на сообраќајницата во должина од околу 200 метри.

 

Проектот опфаќа отстранување и замена на постојниот тампонски слој, како и изградба на нова асфалтна конструкција, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците.

 

Со реализацијата на оваа реконструкција се продолжува со вложувањата во унапредување на патната инфраструктура во Општина Аеродром, со цел создавање побезбедни, пофункционални и подобро уредени улици за граѓаните.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.