Аеродром ги отстранува хаварисаните и нерегистрирани возила од јавните површини
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 05 Септември 2026
Општина Аеродром продолжува со активностите за ослободување на јавните површини од хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила, соопшти локалната самоуправа.
Од општината информираат дека општинскиот инспекторат и во текот на изминатата недела работел на отстранување возила кои подолг период зафаќаат јавен простор, вклучително и возила кои со години се нерегистрирани, по спроведување на соодветните постапки.
Паралелно, Општина Аеродром продолжува со поставување нови и обновување на постојните клупи низ населбите, со цел подобрување на јавниот простор и урбаната опрема.
Според општината, целта е да се обезбеди повеќе слободен и функционален јавен простор, подобар комунален ред и поквалитетна урбана средина.
Активностите ќе продолжат засилено низ целата општина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













