Аеродром: Поставена првата нова фитнес зона во паркот „Патрик“
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 14 Август 2026
Општина Аеродром продолжува со реализацијата на проектите за спорт, рекреација и активен живот, информирајќи дека е поставена првата од вкупно петте нови фитнес зони планирани за оваа година.
Новата содржина е поставена во паркот „Патрик“.
Во рамките на овие активности, од локалната самоуправа најавуваат дека во следниот период нови фитнес зони ќе добијат и населбите Острово, Ново Лисиче, како и локациите на „Тодор Чангов“ и Долно Лисиче.
Со овие зафати, општината продолжува да креира услови за поголема физичка активност и поздрави навики за сите генерации.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















