Општина Аеродром: Започна изградбата на ново современо детско игралиште во Ново Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше за почетокот на изградбата на ново современо детско игралиште во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“.

 

Ова игралиште претставува дел од циклусот за изградба на вкупно десет нови детски игралишта предвидени низ целата општина.

 

Проектот опфаќа поставување современи и безбедни реквизити, квалитетна подлога од вештачка трева, како и уредување на околниот простор за пријатен престој на семејствата.

 

Дополнително, за првпат на оваа локација се става во функција и нов систем за наводнување, со што се заокружува заложбата на општинската управа за создавање функционални, уредни и безбедни маала за најмладите жители.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.