Започна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“, следува уредување и на дел од „Божин Николов“
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 04 Август 2026
Општина Аеродром ги продолжува активностите за подобрување на локалната патна инфраструктура со почетокот на реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.
По завршувањето на овие градежни работи, механизацијата ќе се префрли на дел од улицата „Божин Николов“ во населбата Горно Лисиче, која претставува продолжение на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“.
Со овие зафати продолжува реализацијата на проектот што опфаќа реконструкција на вкупно 18 улици на територијата на Општина Аеродром. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















