ЕУ ги олеснува правилата за вештачка интелигенција – компаниите ќе имаат помал административен товар
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 07 Мај 2026
Европската Унија постигна привремен договор за олеснување и одложување на дел од правилата поврзани со вештачката интелигенција, со цел да се намали административниот товар врз компаниите и да се поттикне технолошкиот развој.
Договорот бил постигнат по деветчасовни преговори меѓу европските претставници, а во наредните месеци треба формално да биде одобрен од владите на земјите членки и од Европскиот парламент.
Според Марилена Рауна, заменик-министерка за европски прашања на Кипар, измените во Законот за вештачка интелигенција ќе им помогнат на компаниите полесно да се прилагодат на новите регулативи, особено преку намалување на бирократските процедури и трошоци.
ЕУ со Законот за вештачка интелигенција сака да воспостави јасни правила за користење на AI технологиите, особено во области што можат да влијаат врз безбедноста, приватноста и човековите права. Истовремено, Брисел се обидува да најде баланс меѓу регулацијата и конкурентноста на европските компании во трката со САД и Кина во развојот на вештачката интелигенција.
Новите измени се оценуваат како обид за поголема флексибилност кон бизнис-секторот, особено за малите и средни компании кои предупредуваа дека строгите правила би можеле да го забават развојот и инвестициите во AI технологиите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















