„Орион“ на мисијата Artemis II се враќа кон Земјата – планирано слетување покрај Сан Диего
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 10 Април 2026
Вселенското летало „Орион“ од мисијата Artemis II изврши кратко активирање на потисните мотори во траење од 9 секунди, при што беше постигната промена на брзината од 5,3 стапки во секунда, со што екипажот е насочен кон Земјата и моментално се наоѓа на повеќе од половина пат од враќањето, брифираат од НАСА.
Неколку часа пред маневрот, беше забележано краткотрајно губење на сигналот за комуникација поради промена на брзината на пренос на податоци, што накратко влијаеше врз преносот на телеметрија од леталото кон Земјата, додаваат оттаму.
Сепак, комуникацијата брзо била повторно воспоставена, по што контролата на мисијата продолжила со подготовките за следните операции.
Од NASA информираат дека денеска бил одржан и брифинг за текот на мисијата, на кој биле презентирани дополнителни детали за процедурите за повторно влегување во атмосферата и слетувањето.
Следниот корективен маневар на траекторијата е закажан за 10 април во 13:53 часот, пред финалните подготовки за влез во атмосферата.
Според планот на NASA, капсулата треба да се спушти во 20:07 часот по локално време (5:07 часот по пацифичко време), во водите крај брегот на Сан Диего.
фото: NASA
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















