Meta казнета за злоупотреба на деца и малолетници на своите платформи

Поротата во американската сојузна држава Ново Мексико утврди дека компанијата Meta Platforms, сопственик на Facebook и Instagram, ги довела во заблуда корисниците за безбедноста на своите платформи и ги оставила ранливите малолетници изложени на ризици, вклучително и на сексуална експлоатација.

За ова, поротата наложи плаќање на 375 милиони долари граѓански казни.

Главниот обвинител на Ново Мексико, Раúl Торrez, ја оцени пресудата како „историска победа за семејствата и децата кои ја платиле цената за одлуките на Meta“.

Meta најави дека ќе се жали на одлуката, истакнувајќи дека вложува напори за заштита на корисниците, но дека справувањето со овие ризици е комплексно. Следната фаза на процесот ќе опфати барање за дополнителни казни и судски наредби за поефективна заштита на децата на платформите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.