Претседателката го честиташе големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица
- Детали
- Категорија: Технологија
- Создадено: 28 Август 2025
Дозволете ми, на сите верници од православна вероисповед, да им упатам најсрдечни честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
Искрено посакувам празничниот ден да го поминете во мир, хармонија, радост и среќа. Култот кон мајката Божја е сведоштво за нашиот непоколеблив дух и вера во неа, како и за важноста на мајчинството, безусловната љубов и семејните вредности. Пресвета Богородица, како заштитничка на мајките и децата, има особено место во нашите храмови и домови, а најмногу, во нашите срца. Не случајно, посетители на бројните цркви и манастири, посветени на Богородица, не се само христијани, туку и припадници на други религии. И годинава, празникот Успение на Пресвета Богородица ќе го поминеме заедно со најблиските. Очекувам да ја надминеме духовната и морална криза и да им се вратиме на вистинските човечки вредности.Нека ни е честит и вечен празникот!
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












