Денеска е Меѓународниот ден на писменоста: 739 милиони луѓе немаат основни вештини

Денеска, 8 септември, се одбележува Меѓународниот ден на писменоста, кој годинава има посебно значење бидејќи се навршуваат 60 години откако УНЕСКО го прогласи овој ден.

И покрај значителниот напредок во изминатите децении, најмалку 739 милиони млади и возрасни лица во светот сè уште немаат основни вештини за писменост. Според УНЕСКО, две третини од нив се жени.

Меѓународниот ден на писменоста има цел да ја нагласи важноста на писменоста како основно човеково право и темел за образование, личен развој и активно учество во општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.