Странците сега можат онлајн да ги проверат и платат казните од „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи ја стави во функција веб-апликацијата „Безбеден град“, наменета во оваа фаза за странски државјани, односно сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички.

Преку апликацијата странските возачи можат да проверат дали системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќаен прекршок, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози и електронски да ги подмират глобите.

За најава потребно е возачот да ја скенира или фотографира патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што ги користи во Македонија.

Со ова, странските возачи ќе можат навремено да ги регулираат евентуалните сообраќајни прекршоци, без дополнително задржување на граничните премини.

Апликацијата е достапна на safecountry.mvr.gov.mk.

Министерството најавува дека во следните фази ќе бидат проширени функционалностите и за други категории корисници.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.