164 загинати, речиси 1.000 повредени, 10.000 лица се водат како исчезнати
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 25 Јуни 2026
Бројот на жртви по силниот земјотрес што ја погоди Венецуела се искачи на 164 загинати, додека 971 лице се повредени, соопштија властите. Дополнителна загриженост предизвикува фактот што околу 10.000 лица се водат како недостапни или непронајдени.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтер ја погоди северната крајбрежна област на земјата, непосредно по претходен потрес од 7,2 степени. Станува збор за најсилниот земјотрес регистриран во Венецуела во повеќе од 100 години.
Најголеми штети се пријавени во Каракас и околните подрачја, каде што се урнати десетици објекти и е оштетена инфраструктурата. Спасувачките тимови непрекинато работат на расчистување на урнатините и потрага по преживеани.
Властите прогласија вонредна состојба, а меѓународната заедница понуди помош за справување со последиците од една од најтешките природни катастрофи во поновата историја на земјата. Бројот на жртви и исчезнати лица се очекува дополнително да расте во наредните часови.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













