Пукање во училиште во Сиверек, Турција – најмалку 16 повредени, напаѓачот се самоубил

Најмалку 16 лица се повредени во пукање во средно училиште во градот Сиверек, во провинцијата Шанлиурфа, југоисточна Турција.

Според првичните информации, поранешен ученик влегол во училишниот објект и отворил оган со огнено оружје, при што повредил ученици, наставници, полициски службеник и вработен во училишната менза.

По брза интервенција на безбедносните сили, напаѓачот бил опколен, по што си го одзел животот.

Засега не се познати мотивите за нападот, а турските власти спроведуваат истрага.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.