ЕУ со нов дигитален систем за гранична контрола – целосно оперативен во Шенген зоната

Од денеска, новиот систем за управување со границите на Европската Унија е целосно оперативен на сите надворешни гранични премини во Шенген зоната, со исклучок на Кипар и Ирска.

Станува збор за Entry/Exit System – автоматизиран ИТ систем за регистрирање на државјани од земји кои не се членки на ЕУ, а кои патуваат за краток престој до 90 дена во период од 180 дена. Новиот систем го заменува досегашното рачно печатење на пасошите.

При прв влез во Шенген зоната, во системот се внесуваат податоци од патната исправа, биометриски податоци, како и евиденција за влез и излез. При секое следно преминување на граница, ќе биде потребна само брза проверка, што треба да го забрза процесот на контрола.

Европската Унија наведува дека новиот систем ги модернизира граничните проверки преку намалување на времето на чекање за патниците, зголемување на ефикасноста на граничните службеници, подобрување на безбедноста преку подобар пристап до податоци за патниците, како и спречување на нерегуларна миграција.

Дигиталниот систем постепено се воведуваше од октомври 2025 година, а од 10 април 2026 година е целосно функционален на ниво на ЕУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.