Силно невреме ја зафати Словенија: Илјадници домаќинства без струја и паднати дрвја на патиштата
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 27 Март 2026
Словенија е погодена од силно невреме со силни налети на ветер, кои во некои региони достигнаа над 100 км/ч, информираат официјалните служби и регионалните медиуми.
Поради невремето, биле извршени над 300 интервенции на пожарникари, а илјадници домаќинства привремено останале без електрична енергија. Силниот ветер предизвикал и пад на дрвја на коловозите, поради што неколку патишта биле затворени или ограничени за сообраќај.
Надлежните служби и цивилната заштита издадоа официјални предупредувања до граѓаните да останат во затворен простор, да се бидат подалеку од дрвја и далноводи и да ја следат поставената сигнализација. Во некои општини беа затворени училишта и градинки, а јавноста е повикана да избегнува движење на отворено.
Словенечката агенција за животна средина (ARSO) потврдува дека во јужниот и западниот дел на земјата продолжува опасноста од налети на силен ветер, кој може да предизвика оштетувања на објекти и инфраструктура, како и загрозување на безбедноста на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













