Повторно судење против родителите на малолетникот кој изврши масовно убиство во Белград
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 25 Март 2026
Денеска во Белград започна повторената кривична постапка против родителите на К.К., момчето кое во мај 2023 година изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Судењето се однесува на небрежно чување оружје и пропуштање мерки што му овозможиле на малолетникот да дојде до оружјето.
Претходната пресуда против родителите беше укината од Апелацискиот суд поради процедурни недостатоци, а денешното рочиште се одржува пред Вишиот суд и е затворено за јавност, со цел заштита на малолетници и приватноста на оштетените.
Според српскиот закон, самиот малолетник нема кривична одговорност, бидејќи имал 13 години во моментот на злосторството, па правната постапка се води исклучиво против неговите родители.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













