Матеј Билистојаноски освои злато за Македонија на Медитеранските игри во Таранто
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 02 Септември 2026
Матеј Билистојаноски го освои златниот медал во карате на Медитеранските игри „Таранто 2026“, со што ѝ го донесе првото злато на Македонија на овогодинешното издание на Игрите.
Билистојаноски триумфираше во категоријата до 67 килограми, каде со одлични настапи стигна до највисокото место на пиедесталот.
Од Македонскиот олимписки тим истакнуваат дека зад успехот стојат долгогодишна работа, дисциплина и бројни тренинзи и одрекувања.
Златниот медал на Билистојаноски е прв за македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто, а неговиот успех беше проследен со македонската химна на победничкиот пиедестал.
фото: МОК
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













