Македонија до 20 години со Мароко, Тунис и Турција на Медитеранските игри во Таранто
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 21 Август 2026
Македонската фудбалска репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со репрезентациите на Мароко, Тунис и Турција.
Избраниците на селекторот Александар Таневски се во Групата А, а првиот натпревар ќе го одиграат против Тунис на 22 август. Следува дуелот со Турција на 24 август, додека групната фаза ќе ја затворат со натпреварот против Мароко на 26 август.
Целта на македонските фудбалери ќе биде со што подобар пласман да обезбедат место во завршницата на турнирот, кој за младите репрезентативци претставува значајно меѓународно искуство.
Таневски го објави составот
Селекторот Александар Таневски за настапот во Таранто ќе смета на 18 фудбалери.
Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав, Чешка), Давид Илоски (Пелистер).
Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Давид Голубов (Детонит), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Тиквеш), Андреј Мурџески (Скопје).
Среден ред: Омар Беровиќ (Скопје), Никола Манојлов (Силекс), Виктор Делов (Беласица), Емир Шаботиќ (Детонит), Харун Незировски (Хелсинборг).
Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Марко Николовски (Охрид Лихнидос), Давид Матески (Охрид Лихнидос), Андреј Стојановски (Скопје).
Медитеранските игри во Таранто се одржуваат во август и септември 2026 година, а фудбалскиот турнир е дел од спортската програма на Игрите.
За македонските надежи настапот на Медитеранските игри ќе биде можност за стекнување дополнително меѓународно искуство и за докажување на европската сцена.
фото: ФФМ
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













