Македонија пред историска шанса: Нашата земја во заедничка кандидатура со Србија и Словенија за домаќин на Европското првенство во ракомет 2034 година
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 11 Август 2026
Македонската ракометна јавност има причина за оптимизам – нашата држава е пред реална можност да биде еден од официјалните домаќини на Европското првенство во ракомет во 2034 година.
Ракометната федерација на Македонија, заедно со федерациите на Србија и Словенија, ги финализираше сите клучни детали за поднесување на моќна регионална заедничка кандидатура за континенталниот собир.
Како што потврди првиот човек на српскиот ракомет, Божидар Ѓурковиќ, во изминатиот период се одржале три клучни работни состаноци на кои претставниците на федерациите на Македонија и Словенија начелно се договориле околу сите организациски прашања.
Според договорениот концепт, Европското првенство ќе се игра во трите држави, при што во секоја од нив ќе се одржат по две групи од прелиминарната фаза, што значи дека македонската публика ќе има уникатна можност во живо да ги следи европските ракометни селекции.
Србија, според договорот, ќе биде домаќин на завршниот викенд.
Ѓурковиќ нагласи дека Македонија и партнерските земји имаат исклучително големи шанси да ја добијат организацијата, имајќи ги предвид спортските капацитети и огромната ракометна традиција.
Дополнително, во рамките на преговорите се разгледува и можноста нашата земја да добие организација и на репрезентативни натпреварувања за помладите категории во иднина.
Фото извор: https://www.facebook.com/rfmofficial/photos
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













