Македонија денеска против Израел за 9. место на ЕП во ракомет

Македонската кадетска репрезентација денеска го игра последниот натпревар на Европското првенство во ракомет за јуниори, во кој ќе се бори за деветтото место.

Противник на нашите ракометари ќе биде селекцијата на Израел, а натпреварот е закажан за денеска од 14:30 часот.

🇲🇰 Македонија – Израел 🇮🇱
🕝 14:30 часот

Натпреварот љубителите на ракометот ќе можат да го следат во живо преку EHF TV, како и на Arena Sport MKD.

Македонските кадети на овој шампионат веќе обезбедија место во борбата за деветтата позиција, откако вчера ја совладаа Португалија со 26:25.

Сега останува уште еден чекор до посакуваното деветто место.

Напред Македонија! 🇲🇰🤾‍♂️

 

фото: РФМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.