Македонија откако ја совлада Португалија ќе игра за 9. место на ЕХФ ЕУРО 2026

Машката кадетска репрезентација на Македонија оствари значајна победа на Европското првенство ЕХФ ЕУРО 2026, совладувајќи ја Португалија со 26:25.

Со победата, македонските кадети обезбедија пласман во натпреварот за 9. место на шампионатот.

Противникот на Македонија ќе биде познат по дуелот меѓу Австрија и Израел, од каде што ќе дојде следниот ривал на македонската репрезентација.

Од Ракометната федерација на Македонија упатија честитки до младите ракометари и стручниот штаб за остварениот резултат.

Честитки за македонските кадети!

 

Photo by : Nikola Cimburovic





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.