Манчестер Сити ја одби понудата од 50 милиони евра од Барселона за Родри, додека Сити напредува во преговорите за Буади

Како што пренесува познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, преговорите меѓу Барселона и Манчестер Сити за трансферот на Родри се во полн ек преку директни разговори помеѓу раководствата, па нов пресврт може да се случи во секој момент.

 

Сепак, Сити ја информирал Барселона дека понудениот пакет од околу 50 милиони евра не е доволна и нема да биде прифатена, поради што Каталонците веќе работат на нова понуда за да добијат зелено светло.

 

Според Романо, самиот Родри има само една желба, сака да премине исклучиво во Барселона, што раководството на англискиот клуб добро го знае.

 

Во меѓувреме, Романо додава дека Манчестер Сити забрзано напредува кон финалните фази од договорот со Лил за Ајуб Буади, бидејќи двете клупски управи се многу блиску до целосен договор.

 

Преговорите се во тек и на страната на играчот, а официјална понуда за договор веќе е испратена до таборот на мароканскиот талент.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.