Македонија У20 поразена од САД на контролен натпревар во Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија до 20 години загуби со 2:0 од селекцијата на САД до 20 години на контролниот натпревар одигран во Бугарија.

Избраниците на селекторот Александар Таневски прикажаа солидна игра против силен противник и одиграа корисен тест кој послужи како добра проверка на формата и дополнително воигрување на тимот.

Македонските младинци успешно му парираа на американскиот состав во најголемиот дел од средбата, но головите ги примија во судиското надополнување на првото полувреме и во 90+2 минута. И покрај поразот, Македонија создаде неколку сериозни можности за погодок, а најзрелите шанси ги имаа Димитар Данев, Адмир Љатифи и Салим Арифи.

Натпреварот го започнаа Васил Ташовски, Златко Радески, Андреј Велков, Адис Мурати, Лука Атанасовски, Димитар Данев, Емир Шаботиќ, Салим Арифи, Тео Сандев, Адмир Љатифи и Даниел Диковски, додека во второто полувреме настапија и Стефан Јованоски, Андреј Мурџески, Фидан Шерифи, Димитар Мартиновски, Виктор Делов, Габриел Крстевски, Андреј Стојановски, Мирза Хасиќ, Иван Шириќ, Ѓоко Спасов, Лука Бојаџиев и Шабан Мемети.

 

фото: ФФМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.